
Кошаркарите на Феникс Санс изминатата ноќ ги победија со 138:112 Бруклин Нетс, со 19 „тројки“, и со соодносот од шест победи и три порази по една деценија го има најдобриот страрт на сезоната во НБА лигата.
Најдобар поединец кај Феникс повторно беше Девин Букер со 27 коша и 9 асистенции, додека Рики Рубио го оствари третиот последователен „дабл-дабл“ со 22 поени и 12 асистенции. Спенсер Динвиди кај Бруклин беше најдобар, мечот го заврши со 18 кошеви, додека Деандре Џордан додаде 16 коша и 12 скокови.
Портланд Трејл Блејзерс во продолженијата со 124:113 славеа над Атланта Хоукс. Надигрувајќи ја Атланта со 17:6 во продолжението, Портланд ја прекина серијата од четири порази. Демиен Лилард го предводеше Портланд со 30 коша, Си Џеј Калам додаде 23, додека кај Атланта најдобар беше Рејфорд Треј Јанг со 35 поени.
Никола Јокиќ погоди на 3,3 секунди пред крајот на продолжението и Данвер Нагетс со 100:98 ги совладаа Минесота Тимберволвс. Јокиќ мечот го заврши со 20 коша, а Пол Милсап додаде 14 поени со 10 скокови. Карл-Ентони Тоунс ја предводеше Минесота со 25 коша, 16 скокови и шест асистенции.
Торонто Рапторс ја прекинаа серијата од седум победи на Лос Анџелес Лејкер совладувајќи ги со 113:104. Паскал Сиакам во победата на Торонот постигна 24 коша и 11 скокови, а Фред Ванвлит додаде 23 коша и 10 асистенции. Ентони Дејвис беше најдобар кај Лејкерс со 27 коша, а Леброн Џејмс го впиша својот четврти „трипл-дабл“ во пет меча со 13 коша, 15 асистенции и 13 скокови.
Милвоки Бакс предводени од Јанис Антетокунмпо, кој постигна 35 коша со 16 скокови, ги совладаа Оклахома Сити Тандерс со 121:119. Победата на Милвоки ја обезбеди Брук Лопез кој погоди „тројка“ на 25,4 секунди пред крајот.
Идијана Пејсер со 109:102 беа поодбри од Орландо Меџикс, а Филаделфија 76ерс со 114:106 од Шарлот Хорнетс. Кливленд Кавалирс во „Медисон Сквер Гарден“ со 108:87 ги надиграа Њујорк Никс.
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон 7 1 .875 –
2. Торонто 7 2 .778 0 1/2
3. Филаделфија 6 3 .667 1 1/2
4. Бруклин 4 5 .444 3 1/2
5. Њујорк 2 8 .200 6
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки 7 3 .700 –
2. Индијана 6 4 .600 1
3. Кливленд 4 5 .444 2 1/2
4. Детроит 4 6 .400 3
5. Чикаго 3 7 .300 4
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами 6 3 .667 –
2. Шарлот 4 6 .400 2 1/2
3. Атланта 3 6 .333 3
4. Орландо 3 7 .300 3 1/2
5. Вашингтон 2 6 .250 3 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер 7 2 .778 –
2. Јута 6 3 .667 1
3. Минесота 5 4 .556 2
4. Портланд 4 6 .400 3 1/2
5. Оклахома Сити 4 6 .400 3 1/2
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. ЛА Лејкерс 7 2 .778 –
2. Феникс 6 3 .667 1
3. ЛА Клиперс 6 3 .667 1
4. Сакраменто 3 6 .333 4
5. Голден стејт 2 8 .200 5 1/2
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Хјустон 6 3 .667 –
2. Далас 6 3 .667 –
3. Сан Антонио 5 4 .556 1
4. Њу Орлеанс 2 7 .222 4
5. Мемфис 2 7 .222 4