Портланд Трејл Блејзерс до крајот на сезоната не играат без еден од своите најдобри играчи Демиен Лилард, кој мора на операција на абдоменот, објави во понеделникот оваа НБА екипа.
Блејзерс објавија дека 31-годишниот Лилард „остварил напредок во фазата на повторната атлетизација на својот рехабилитазициски протокол“ и дека „досега исполни неколку клучни пресвртници и ќе ја продолжи завршната фаза од рехабилитацијата во текот на следните седмици“.
Лилард оваа сезона во 29-те натпревари имаше просек од 24 поени, 7,3 асистенции и 4,1 скокови. Ова е неговата најслаба сезона во кариерата според бројот на одиграните натпревари, како и според бројот постигнати погодоци во седумте години во НБА.
Првично Лилард требаше да се врати во март, но главниот директор на Блејзерс, Џо Кронин во февраури најави дека кошаркарот најверојатно на терените ќе се врати дури следната сезона.
Ќе ѝ недостасува на екипита која моментално е 12-та во Западната конференција и практични испадна од играта за учество во доигрувањето со соодносот на победи и порази од 26-44.
Портланд играше во доигрувањето на сезоната сите последни осум години со Лилард во првата петорка, а во 2019 година стаса до финалето во Западната конференција во која беше поразен од Голден Стејт Вориорс.