Портпаролот на израелската војска контраадмиралот Даниел Хагари во вторникот изјави дека 31 од преостанатите заложници кои ги држи Хамас и неговите сродни радикални групации во Појасот Газа се прогласени за мртви.
„Информиравме 31 семејство дека нивните сакани во заложништво повеќе не се меѓу живите и дека ги прогласивме за мртви“, рече Хаари на редовниот брифинг со медиумите.
Израел соопшти дека 136 заложници сѐ уште се држат во Газа.
Во нападот на Хамас врз Израел на 7-ми октомври загинаа 1.200 луѓе, а околу 250 беа грабнати и однесени во заложништво во Газа. Некои од заложниците подоцна беа ослободени како дел од размената за Палестинците кои беа во израелските затвори.