Кина одигра конструктивна улога во поттикнувањето на мирот и помирувањето во Авганистан и е добредојдена да даде придонес во обновувањето на земјата, ијза за кинеските државни медиуми портпаролот на талибаните Сухаил Ѓахин.
По молскавичната офанзива, талибанскиет милитанти во текот на изминатиот викенд ја преземаа контролата и над главниот град Кабул, што натера во бегство илјадници цивили и странскиот соработници, кои стравуваат од одмазда како и од враќање на ригидното толкување на исламското шеријатско право, наметнатот во текот на талибанската власт која беше соборена пред 20 години со инвазијата на САД.
Во односите со талибаните, сѐ поможната Кина би можела да го искористи фактот што за разлика од Русија, како дел од поранешниот Советски сојуз, и САД, не се борела во Авганистан, забележува Reuters.
„Кина е голема земја со огромна економија и капацитети, сметам дека може да игра многу голема улога во обновата и рехабилитацијата на Авганистан“, изјави Шахин во разговорот од четвртокот за кинеската државна телевизија CGTN (China Global Television Network).
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во јули во текот на состанкот со талибанската делегација во северниот кинески пристанишен град Таинџин изрази надежи дека Авганистан би можел да усвои умерена исламистичка политика.
Со Авганистан граничи западната кинеска провинција Ксинџијанг (Ујгирија), во добар дела населена со етничкото туркофоно муслиманско малцинство Ујгури. Западните земји, во прв ред САД, редовно ја критикуваат Кина дека над оваа заедница спроведува геноцид, на што Пекинг одговара со акции преземени кон организаторите на многу терористички напади на нејзина територија со исламистичка заднина.
Кина, исто така, беше загрижена дека територијата под контрола на талибаните ќе биде користена како засолниште за ујгурските сепаратистички сили, кои често се поврзани со терористичките мрежи како Ал Каеда и Исламска држава.