
Португалија ќе ги дозволи туристичките летови од земјите членки на Европската унија со ниска стапка на зарази со коронавирусот и од Обединетото Кралство, но патниците ќе мора да покажат негативен тест на Covid-19, обаји во саботата тамошното министерство за внатрешни работи.
Во петокот португалското министерство за туризам даде зелено светло за британските туристи за влез во земјата од понеделник.
Забраната за влегува влез во Португалија се укинива за жителите на земјите од ЕУ со инциденца помала од 500 случаи на 100.000 луѓе.
Туристите од Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија, европски земји кои не се членки на ЕУ, исто така, ќе може да патуваат во Португалија.
Гостите ќе мора да покажат дека биле негативни на коронавирусот до 72 часа пред летот, а возухопловните компании ќе бидат казнети со глоба од 500 до 2.000 евра за секој патник кој се качил во авион без доказ за негативен тест.
Португалија во моментов единствено дозволува летови за патувања од деловни причини, за студирање, спојување на семејствата и здравствени или хуманитарни причини.
Патниците од земјите со инциденца поголема од 500 случаи на 100.000 луше во последните 14 дена, може да влезат во Португалија само поради работа, здравствена грижа и слично. Но по пристигнувањето во земјата ќе мора да останат во изолација 14 дена.