Португалија е нов европски шампион, откако вечерва по 120 минути игра ја совлада Франција со 1:0.
Стрелец на победоносниот гол беше резервистот Едер, кој прецизно стрелаше во француската мрежа во 109-тата минута.
Поради предноста на домашниот терен и квалитетот на составот, Франција влезе како фаворит во овој меч, и добро го почна натпреварот.
Немаше погодоци во регуларниот дел, па натпреварот отиде во продолжение. Свесни дека пеналите се лотарија, Французите тргнаа силно кон постигнување на гол, но не успеаа да се заканат посериозно.
Во 108. минута одличен шут од слободен удар на Гереиро заврши во пречката од голот на Лорис.
Но само минута подоцна тој капитулираше, Едер биеше од далечина по земја, неговиот силен шут заврши во мрежата на Лорис. Домаќинот доживеа пораз на свој терен.