Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза ги откажа сите обврски и следните две седмици ќе остане во карантин во својата резиденција откако во колеџот, чиишто студенти минатата седмица ја посетиле претседателскта патлата, е откриен случај на зараза со новиот тип коронавирус.
Во соопштението објавено во неделата на интернет страницата на претседателот на Португалија, се наведува дека ваквата мерка е донесена поради претпазливост, иако ниту заразениот ученик, ниту неговите колеги од класот не биле меѓу посетителите на палатата Белем, пишува британскиот дневен весник The Guardian.
„Во согласност со препораките на меродавните здравствени тела, претседателот, иако не покажува симптоми на зараза со вирусот, одлучи да ги откаже сите јавни обврски“, се истакнува во соопштението.
Се додава дека претседателот де Соуза ќе продолжи да работи од приватната резиденција, како и дека решил со сопствениот пример да им ја покаже на сонародниците потребата од засилена внимателност додека трае епидемијата од коронаворусот Covid-19.
Во Португалија досега се регистрирани 25 случаи на зараза со коронавирусот, а во соседната Шпанија се забележани 617 заразени лица и 13 починати како последица од вирусот.