Јавниот радиодифузен сервис ќе добие четврти канал на кој ќе се емитува програма на јазиците на малите заедници, а вториот ќе биде целосно на албански јазик.
Министерството за информатичко општество и администрација предложи амандмани на законодавството за медиуми, меѓу кои еден амандман за нов канал наменет за ромската, српската, влашката, турската и бошњачката заедница.
Министерот Дамјан Манчевски истакна дека целта на ваквата одлука е поголема професионализација на јавниот сервис.
Инаку, за реализација на ваквиот проект ќе треба дополнување на предвидениот буџет на МРТ за следната година, но тоа ќе се прави во зависност од потребите.
Буџетот на МРТ за идната година изнесува околу 15 милиони евра, односно околу 5 милиони евра помалку во однос на сегашната ситуација.
„Тоа дополнително ја отежнува работата на јавниот сервис, а се загрозува и независноста на оваа институција“, смета претседателот на ЗНМ Насер Селмани.
Според него, прво треба да се овозможи одржливо финансирање, а дури потоа да се промовираат нови проекти.