Од денеска сообраќајот кај наплатната станица Желино ќе се одвива по посебен режим.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека времениот режим на сообраќај на патот Скопје – Тетово е поради реконструкција на постоечката наплатна станица Желино.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.