![soobrakaen-rezim](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/soobrakaen-rezim.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Поради одржување атлетска трка денеска од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на централното подрачје на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна лента на бул.„Гоце Делчев“ и се продолжува по десната коловозна лента на бул.„Илинден“ се до крстосницата со улицата „МАНАПО“ и назад по истата коловозна лента.
-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници, велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.