Посебен сообраќаен режим кон Галичник

Секторот за внатрешни работи Тетово ги информира граѓаните дека денеска (16 јули) и наредните два дена, сабота и недела (17 и 18 јули) ќе воведе посебен сообраќаен режим кон мијачкото село Галичник, каде ќе се одржи традиционалната манифестација „Галичка свадба“.

Во рамките на истиот, вчера од 20 до 1 часот по полноќ беше забрането движење на возила низ селото, денеска забраната ќе биде на сила од 18 до 22, а утре (недела) од 7 часот и 30 минути до 15 часот.

Поради тоа, на граѓаните им се советува нивните возила да ги паркираат на наменски одредената локација за паркирање, на влезот на Галичник. Им се укажува, исто така, целосно да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници и редарските служби, а мештаните од Галчичник возилата да не ги оставаат на пат, туку во дворовите пред нивните куќи, со цел да не се создаваат непотребни сообраќајни мешаници.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира денеска, утре и задутре, да не се изведуваат никакви градежни или други активности на потегот од Брана до Галичник, за да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во двете насоки.