Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (17.02.2023), со почеток во 10.30 часот, поради најавен новинарски протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.

Рутата на движење на новинарскиот марш ќе биде од пред зградата на Владата на РСМ во правец кон АД „Македонска пошта“ на бул.„ВМРО“, потоа по бул.„ВМРО“ во правец на ТЦ „Палома Бјанка“, лево во правец на бул.„11 Октомври“ кон зградата на Собранието на РСМ.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат новинарите.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.