Посебен сообраќаен режим во Скопје, денеска и утре

По повод верскиот празник Задушница, денеска и утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

„Од 06.00 часот утре (21.06.2024) и задутре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“, информираат од МВР.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.