![soobrakjaen znak](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/soobrakjaen-znak.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Поради Дигиталниот самит што денеска и утре се одржува во Скопје, има посебен сообраќаен режим на сообраќајниците околу хотелот Александар Палас и Спортскиот центар Борис Трајковски.
Ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта.
Посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до скопскиот аеродром.