Министерството за внатрешни работи ја информираше дека во сабота, од 12 часот е закажан јавен собир во Скопје, поради што на територијата на општина Центар за сообраќај ќе бидат затворени неколку улици.
Поради тоа ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно истиот ќе биде пренасочен на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Димитрие Чуповски“, потоа на потегот од крстосницата помеѓу улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ до крстосница меѓу улицата „11-ти Октомври“ и улицата „ Филип Втори Македонски“, информираат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.