Претходно весникот „Фокус“ пишуваше дека главна цел на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде предизборно да се намали кредибилитетот на власта како непобедлива односно да се направат обиди да се покаже дека изборните победи во изминатите години не биле регуларни.
Обвинителите ќе настојуваат да падне митот за власта, која е непобедлива во неколку изборни циклуси односно да се докаже дека изборните победи не се заслужени или пострашно дека биле наместени, пишува Фокус.
Неделникот повикувајќи се на свои извори објавува кои предмети ќе бидат отворени, иако Јавно обвинителството објави дека за тоа одлука ќе донеле откако ќе ги анализираат сите предмети. Според текстот, врвот на агендата на Јанева би било евентуално притворање на Груевски и неговите најблиски соработници по отворање на истрага на обвинителството со што ќе се намали „кредибилитетот и ќе се покаже нивното вистинско лице“.
Евентуално притворање на Никола Груевски и свитата, по отворањето истрага во специјалното обвинителство од една страна ќе го намали нивниот кредибилитет и ќе го покаже нивното вистинско лице, пишува Фокус.
Универзитетскиот професор Александар Даштевски ова го толкува како обид во пресрет на изборите закажани за април да се изврши притисок врз специјалното обвинителство за да покрене обвиненија и да побара притвор против високи функционери на власта. Истовремено неделникот го открива единствениот начин како опозицијата да го подобри својот рејтинг и да извлече подобри резултати на избори во недостиг на добро подготвена кампања и висока доверба од граѓаните.
Тоа што се сугерира е обид да се направи притисок врз специјалната јавна обвинителка од страна на весникот но и од страна на опозицијата бидејќи јасно е дека го контролира весникот….Тоа е смислена пропаганда од опозицијата каде што повторно одат со негативна кампањата не ги слушаат советите на целокупната јавност во Македонија па дури и на дел од своите експерти дека треба да водат позитивна кампања ако сакаат да добијат позитивни резултати и повторно се случува истото програмата нивна се уште не е дооформена и сметам дека немаат програма затоа што видовме дека нивната програма е препишана од скандинавските земји, а се што е препишано не може да се спроведе на дело, вели Александар Даштевски за Курир.