Коалицијата „Менуваме“ обвини дека владата несоодветно го третирала нивното барање сите деца и лица со попреченост да бидат ставени во приоритетните категории и да се зголемат посебниот детски додаток и додатокот за попреченост
Коалицијата смета дека посебниот детски додаток треба да се зголеми од 5.100 на 10.000 денари, а додатокот за попреченост од 7.100 на 12.000 денари.
-Како коалиција јавно бараме одговор од Владата и Министерството за труд и социјална политика, бидејќи логиката на нештата кажува дека 30 дена е сосема доволен временски период да се детектираат, истражат и научат проблемите на теренот и да се донесе соодветна одлука. Коалицијата тоа го направи и изгради сосема јасен став кој што е пласиран во јавноста – велат од Коалицијата.
Оттаму нудат и соработка со институциите во интерес на сите а пред се на децата и лицата со попреченост и нивните родители и асистенти конкретно за достоинствен живот.
Со цел лицата со попреченост да останат во фокусот на јавноста, и да наметнеме приоритети на влада и Собранието Коалицијата „Менуваме” на 7 септември во 18 часот, ќе одржи Ппротестен марш под слоганот „30 години заборавени, не разбрани и не прифатени. Протестот ќе почне пред Влада, а ќе заврши пред Собрание.