Пошта се извини и ја повлече марката со карта „Голема Хрватска“

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје се извинува за ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ“ чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ.

На поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6000 (шест илјади) примероци. АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје изразува жалење за ненамерната грешка, особено што, издавањето на серијата поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ се поклопува со 9 Мај, Денот на Европа. Наша цел беше со оваа поштенска марка да изразиме благодарност до Хрватското претседателсво со ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска и ја дава на нашата Држава, велат од Пошти.

Издавањето на поштенските марки е регулирано со Законот за поштенските услуги и Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници.

Издавањето на поштенските марки е во согласност со Годишна програма за издавање на поштенски марки, одобрена од страна на Министерството за транспорт и врски. Согласно одобрените теми, мотиви, тиражи и останати обележја на поштенските марки, во процесот на издавање на истите се вклучени: Биро за филателија на друштвото и Совет за издавање на поштенски маркиБирото за филателија има надлежност да собира и стручно обработува податоци; предлага мотиви и подготвува графички и ликовни решенија на поштенските марки, ги подготвува за печатење во согласност со насоките добиени од Советот и др.. Советот за поштенски марки именуван од Управниот одбор на Друштвото е составен од 7 членови, четворица претставници од редот на вработените во Друштвото и три надворешни членови. Надворешните членови се од редот на лица ангажирани во културни, јавни и научни области (историчари од национални институти (2) и еден е уметник од ФЛУ, се вели во соопштението.

Од Пошти појаснуваат дека конечна одлука за изборот на мотивите како и графичките и ликовни решенија на поштенските марки ја носи Советот за поштенски марки.

о повод ненамерната техничка грешка се состана Управниот одбор на Друштвото со цел преземање мерки во рамки на своите надлежности, а во согласност со Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници. На итно одржаната седница на ден 09 мај 2020 година, Управниот одбор на Друштвото донесе:

– Одлука за повлекување од употреба на поштенската марка на тема „Северна Македонија во ЕУ“, мотив „ Хрватска (Загреб)“ со тираж од 6000 примероци и номинална вредност од 72,00 денари со ден на пуштање во употреба на ден 08.05.2020 година. Со предметната одлука се утврдува и поништување на целокупниот тираж.

– Одлука за разрешување на Раководителот на Бирото за филателија и

– Одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.

АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје во оваа прилика уште еднаш најискрено се извинува на сите засегнати страни за ненамерната техничка грешка.

Само со взаемно почитување и блиска соработка може да бидеме составен дел на големото европско семејство, велат од Пошта.