Триесетгодишен пошар од Радовиш заработи кривична пријава откако полицијата го открила дека фалсификувајќи потписи од пензионери си присвојувал пензии.
Според полицијата, Д.И. вработен во „Македонски пошти“ си присвоил 39.943 денари кои му биле доверени за исплата на пензии.
Поштарот наместо да ги носи парите на пензионерите тој на налозите се потпишувал наместо пензионерите, а парите ги задржувал.