Поскапе рускиот гас за Украина

Најголемиот руски производител на природен гас, компанијата „Гаспром“, соопшти дека во вториот квартал ја подигнува цената на гас за Украина на 385,5 долари за 1.000 кубни метри од 268,5 долари од првото тримесечје.

Со оваа одлука, Украина го загуби попустот на цената на гасот кој што го договори со Русија пред избивање на политичката криза во Киев во ноември минатата година, а која што заврши со смената на украинскиот претседател, Виктор Јанукович, и присоединување на украинскиот полуостров Крим во Русија.

Според зборовите на извршниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер, украинскиот долг за руски гас во овој момент изнесува 1,7 милијарди долари.