Поскапеа трошоците за живот

Tрошоците за живот континуирано растат според податоците на Државниот завод за статистика. Имено, според последниот извештај на ДЗС индексот на трошоците за живот за месец септември спореден со минатата година за истиот месец пораснале за 1,9 проценти додека цените на мало бележат пораст од 1 отсто.

Според експертите и онака граѓаните едвај обезбедуваат средства за основните егзистенцијални потреби а покачувањето на цените додатно негативно ќе влијае врз и онака нискиот стандард на живот.

Дополнително, сиромаштијата расте од ден на ден, а граѓаните секојдневно ги губат своите работни места. Така според податоците од почетокот на пандемијата 40.000 граѓани останале без своите работни места, а само за месец септември 2.000 ја изгубиле својата работа.

Инаку, Македонија е на дното по нивото на сиромаштија во регионот и Европа. Според последните информации скоро 400.000 граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштија.