
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај годинава, на месечно ниво се повисоки за 0,6 отсто, додека пак на годишно ниво се пониски за 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
На годишно ниво (мај годинава спореден со мај лани) продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 3,5 отсто, додека во секторите „преработувачка индустрија“ и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 0,5 отсто.
Во мај во споредба со април годинава продажните цени на индустриските производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 2,4 отсто, во „преработувачка индустрија“ за 0,2 отсто, додека во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 3,4 отсто.