Поскапи вињетките за патишта во Европа: Австрија ги поскапе, Словенија и Швајцарија остануваат со истите цени

Вињетките за коиристење на патиштата во следната година во некои европски земји поскапеа, а во дел засега нема нојавени нови цени.

Новата цена за годишната вињета во Австрија за автомобили е 92,50 евра плус 1,40 евра, за два месеци 27,80 евра плус 40 центи, а налепницата за десет дена сега чини 9,50 евра плус десет центи.

Мотоциклистите за годишна вињетка ќе треба да платат 36,70 евра плус 50 центи, двомесечната вињета 13,90 евра плус 20 центи и десетдневната вињета 5,50 евра плус десет центи.

Швајцарија не ја зголеми цената на годишната вињетка која и натаму ќе чини 40 франци, но во евра поради курсот има пониска цена за 50 центи и чини  38,50 евра.

Во Словенија, цените ќе останат барем засега  исти и во 2021 година, со тоа што годишната вињетка за автомобил сè уште чини 110 евра, за еден месец 30 евра и седум дена 15 евра.

Сѐ уште не се објавени цените на вињетките за следната година во Бугарија, Чешка, Словачка, Унгарија, Роамија и Шведска каде што функцционира овој систем.

Годишните вињетки за 2020 година важат до 31 јануари 2021 година, но можат да се купат и оние за следната година.

Патарина, пак, се плаќа во Франција, Норвешка, Полска, Португалија, Србија, Шпанија, турција, В.британија, Грција, Ирска и Италија.