Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се зголемат за половина и за еден денар, додека дизелот ќе поскапи за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари и со тоа новата цена ќе изнесува 63,5 денари за литар. Цената на еуросупер БС-95 од полноќ ќе се зголеми за еден денар и со тоа новата цена ќе изнесува 62 денари за литар.
Дизелот поскапува за 1,5 денар на 60 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 денари на 31,121 денари за килограм.