Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,347 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,351 ден/кг.
Во моментов барел нафта чини околу 78 долари, цена којашто се држи на светските берзи со исклучок на петочното тргување кога се доближи до границата од 80 долари. Регулаторот пред две седмици ја формираше цената врз основа на просекот од 74 долари за еден барел.