Од денеска во Грција се применува новото зголемување на ДДВ од 13 на 23 отсто, што предизвика поскапување на повеќе производи и услуги, пренесува МИА.
Од денеска низ продавниците во Грција поскапи се некои видови месо, маслото за готвење, кафето, чајот, какаото, оцетот, солта, цвеќето, ѓубривата, дрвата за огрев, пестицидите, хигиенски влошки и кондомите.
Новите даноци ги погодија и услугите во рестораните и кафулињата, погребните услуги, такси превозот, траектите, дополнителните училишта и училиштата за странски јазици.
По три недели пауза, од денеска почнаа со работа и банките, но дневниот лимит за повлекување готовина од банкомати останува 60 евра.
Сепак, Владата соопшти дека од недела лимитот ќе изнесува 420 евра неделно.