„Да после многу години, после деценија имаме 9 генерички лекови коишто се присутни во аптеките и се на товар на Фондот, и проширена е таа позитивна листа. На последната средба со Светската здравствена организација, министерот Таравари најави дека во периодот што следи ќе гледаме на секој квартал по еден-два до три лека да ги ставаме на таа позитивна листа и тоа да биде пријатно изненадување за граѓаните. Со овие 9 генерички лека, мислам дека драматично ќе се подобри понудата и ќе се заштедат средства коишто досега ги плаќаа на приватна сметка граѓаните, а сега ќе бидат на товар на Фондот“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во однос на денешното новинарско прашање дали ќе продолжи праксата со проширување на позитивна листа на лекови во аптеките.