После одлуката на неколку земји членки на ЕУ, се одложува и пописот на население на Косово

Пандемијата и изборите го одложуваат пописот во Косово за 2022 година.

Директорот на Агенцијатра за статистика на Косово, Авни Кастрати, рече дека пописот, кој требаше да се одржи оваа година, ќе се реализира дури во 2022 година, пренесува Радио Слободна Европа.

Заради пандемијата предизвикана од Коронавирусот и Локалните избори кои ќе се одржат во Октомври оваа година, оптимален датум за пописот би бил месец Април 2022 година, но и понатаму не е утврден точен датум, изјави Кастрати.

-После одлуката на неколку земји членки на ЕУ, се одложува и пописот на население на Косово, напиша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.