Последен ден од изборите во ЕУ

Неделата е последниот ден во кој со гласањето во давесетина земји членки на Европската унија ќе се заокружат изборите за новиот состав на Европскиот парламент, откако во саботата гласаа Латвија, Малта и Словачка, а ден претходно Британија, Холандија, Ирска и Чешка.

Од четвртокот до неделата околу 418 милиони гласачи во 28-те земји на ЕУ, може да учествуваат на изборите. Во недела се гласа во 21 земја, Германија, Франција, Австрија, Полска, Шведска, Финска, Данска, Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Хрватска, Грција, Малта, Белгија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија и Унгарија.

Со овие избори започнува новиот политички циклус во Европската унија, кој вклучува и промена на челните позиции на нејзините институции. Изборите, исто така, се одржуваат и во време на планираното излегување на Велика Британија од ЕУ, и заканите од темелна промена на распоредот на односите на политичките сило во самата Унија.

Истражувањата покажуваат дека крајните десни суверенистички партии моќе да минат добро, што ќе ги загрози позициите на досега етаблираните големи политички групаци во ЕП на десниот и на левиот центар.

Со големо внимание ќе се следат во прв ред резилтатитена на Националниот собир (RN), на Марин Лепен во Франција и на Лига на Матео Салвини во Италија, декларирани противници на плановите на францускиот претседател Емануел Макрон. Во фокусот ќе бидат и резултатите на водечкиот британски евроскептик Најџел Фараж. Според излезните анкети, неговата партија Брегзит ќе биде водечка на европските избори во Велика Британија, каде што се гласаше во четвртокот, по прместувањето на датумот на брегзитот од март за октомври, а премиерката Тереза Меј во петокот најави повлекување од должноста.

Многумина стравуваат дека Европскиот парламент, во кој 40 години доминира големата коалиција на левиот и на десниот центар, по овие избори ќе биде парализиран од напливот на суверенистите коишто одлично коритраа во Италија, Франција, Унгарија и Германија, но се солидни и во другите земји членки.

Прелиминарните резултати во сите земји ќе бидат објавени во недела во 23 часот, кога се затовраат избирачките места во последната земја во ЕУ во која се гласа, во Италија.