Последен ден за поднесување на барања за отпис на долговите

Денеска е последен до кога граѓаните од ранливите категории може да поднесуаваат барања за отпис на долговите.

Центрите за социјални работи денеска ќе работат најдоцна до 16:30, што претставува и краен рок за поднесување на барањата.

Инаку, според информациите заклучно со петокот за отпис на долгови се поднесени вкупно 36.369 барања, а поднесувањето барања за отпис на долговите почна на 18 август.

Се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата.

Барања може да поднесат лица приматели на социјална помош, невработени и лица што имале смртен случај или инвалидитет во семејството и поради тоа не можат да ги исплаќаат обврските.