Вработените во приватниот сектор, до крајот на годинава треба да добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15.
Регресот за годишен одмор годинава е во минимален износ од 11.457 денари.
Пресметката за износот на К-15 е утврдена на 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.
За работодавците кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените,казната е до 4.000 евра.