Потрошувачите во Германија ќе ги чувствуваат последиците од 20-процентниот раст на цените нафтата во март повеќе од две години, покажува истражувањето на институтот за економски истражувања DIW.
Инфлацијата во Германија се зголемила во март на 7,3 отсто, највисоко ниво по повеќе од 40 години, поттикната од скокот на цените на природниот гас и нафтените деривати по санкциите воведени против Русија поради нејзината офанзива во Украина.
Поради тоа поскапување на енергенсите, потрошувачките цени во Германија ќе бидат во следните две години повисоки за 1,5 отсто, дури и доколку цените на нафтата набрзо паднат, покажува истражувањето на институтот DIW чиишто резултати ги објави деловниот дневени весник Handelsblatt.
Растот на цените на производството, во тој случај, би стагнирал по половина година, велат авторите на извештајот, за разлика од цените на потрошувачката коишто постапувањето на енергенсите ги погаѓа помалку, но на подолг рок.
Нафтата е почетната алка на најголемиот број синџири на создавање на вредноста, а потрошувачите ценовниот удар ги стасува со временско одложување, појаснуваат авторите. Тие ќе го чувстуваат преку широка палета производи, чиешто произвдство вклучува и потрошувачка на нафта.
Авторите предупредуваат и дека истражувањето ја покажува само директната последица од поскапувањето на нафтатата, коешто може да предизвика и секундарни ефекти, како што е спирала на платите и цените, појаснува во разговорот за Handelsblatt, коавторот на истражувањето Малте Риет.
Истражувањето, исто така, не ги зема предвид ниту другите последици од војната, како што се санкциите и општиот економски развој по двегодишниот период на пандемијата на коронавирусот.
Меѓутоа, тоа не значи автоматски дека ембаргото на руската нафта би имал силен инфлаторен ефект, истакнува Риет, „ефектот (на ембаргото) би можел да биде и ограничен поради конкуренцијата на другите добавивачи на нафтата“, напомнува.