Еден од основачите на британскиот рок-бедн The Beatles, сер Пол Маккартни, изјави дека последната песна на легендарната ливерпулска четворка „Now and Then“ со вокалот на покојниот фронтмен Џон Ленон ќе биде објавена на 2-ри ноември.
„Нумерата ‘Now and Then’ ќе биде објавена ширум светот во четрток на 2-ри ноември… Новото музичко видео за песната Now and Then ќе биде објавено во петок на 3-ти ноември“, се наведува во објавата на Маккартни на неговата офицјална веб-страница.
Музичарот истакнува дека „Now and Then“ е последната песна на The Beatles, која ја напишал и испеал Џон Ленон. Над композицијата продолжиле да работат Маккартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.
„… Сега песната конечно е заврпена од Пол и Ринго по повеќе од 40 години“, се вели во пораката на веб-страницата на Маккартни.
Се додава дека на снимката е вокалот на Ленон, како и гитарската делница во изведба на Харисон, снимени шест години пред неговата смрт во 2001 година.
Покрај тоа, на 1-ви ноември ќе објавено и видеото за создавањето на песната со ексклузивните снимки и коментари од членовите на The Beatles, синото на Ленон, Шон Оно-Ленон и режисерот Питер Џексон кој претходно го режираше документарниот филм „The Beatles: Get Back“.