Последните бројки од анкетите покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ од 24 спрема 11, предност за повеќе од двапати

„Последните анкети кои ние како политичка партија ги правиме секој месец по една теренска и по една телефонска, покажуваат за првпат разликата меѓу нас и СДС за повеќе од двапати. Последните бројки кои ги добивме овој месец се 24 наспроти 11 проценти. И тоа е огромна доверба и огромно очекување на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во ТВ Тера.

Мицкоски додаде дека тенденција на партијата е довербата кај граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ да расте.

„Кога имате толкава предност, тоа и ве обврзува и ние треба да се замислиме во ВМРО-ДПМНЕ, и добро да се екипираме, затоа што граѓаните ќе имаат огромни очекувања и брзи очекувања од идната влада што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи“, заклучи Мицкоски.