![belorusija protest](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/belorusija-protest.jpg?resize=696%2C473&ssl=1)
На повик од белоруската опозиција граѓаните ја започнале процедурата за отповикување на пратениците во долниот дом на парламентот од 20 изборни единици во Минск, пренесува во средата, порталот tut.by., откако опозициската лидерка во егзил Светлана Тихановска истапи против странско мешање во случувањата во земјата.
Руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на информациите од порталот, во 20 окрузи на белориската престолнина веќе започнала процедурата за собирање потписи за одржување седница за отповикување на пратеници во Претставничкиот дом. Се наведува дека во еден од избирачките окрузи на Минск веќе бил собран потребниот број потписи за одржување на седница на локалниот совет на кој ќе дискутираат за отповикување или не на пратеникот од нивната изборна единици.
Ден претходно, членот на претседателството на Координативниот совет на опозицијата во Белорусија, Павел Латушко, во видео-порака ги потсети сонародниците на правото да ги отповикаат мандатите на пратениците во парламентот или во локалните совети кои ја загубиле довербата кај гласачите. Советот неколкупати претходно апелираше до Белорусите да користат легални фори на мирни протести, меѓу кои и правото на отповикување на пратениците.
Претходно во средата, друг претставник на претседателството на опозицискиот Координативен совет, Марија Колесникова, изјави дека евентуалното враќање на уставот на Белорусија од 1994 година, што го бараат одредени опозициски фракции, не значи дека рускиот јазик автоматски ќе го загуби статусот државен јазик кој година подоцна стана службен. Ваквите изјави и во минатото се толкуваат како „намигнување“ на белоруската опзозиција кон Москва, која освен ветувањето помош на претседателот Виктор Лукашенко во случај на странско мешање во Белорусија, има резервиран став кон дел од опозицијата во Минск. Покрај тоа, одземањето на статусот на државен јазик за рускиот, беше причина по превратот во Киев во 2014-та за бунтот и отцепувањето на рускојазичните региони што го предизвика судирот во Украина.
Координативниот совет на белоруската опозиција која не се согласува со резултатите од претседателски избори од 9-ти август кога претседателот Александр Лукашенко кој управува со земајта повеќе од черврт век го освои шестиот мандат, е создаден со цел за мирна транзиција на влатс. Но обвинителството тврди дека тоа е во спротивност со уставнот на земјата и претставува опасност за безбедноста на Белорусија за што е одреден најмалку петгодишна затворска казна, поради што членовите на советот беа повикувани на сослушувања на кои тврдеа дека нивните цели и методи не излегуваат од уставните рамки.
Претходно противкандидатката на Лукашенко, Светлана Тихановска која освои 10 отсто од гласовите и замина во егзил во Литванија, гостувајќи во емисија на американската телевизиска мрежа Fox News рече дека е недозволиво какво и да е надворешно мешање во сутацијата во Белорусија.
„Ние сакаме да живееме во демократска земја и тоа зависи само од нас, тоа е наша волја. Мислам дека ниту една земја не треба да влијае на одлуката на нашиот народ“, рече меѓу другото Тихановска.
По заминувањето во Вилнус, и откако Врховниот суд го отфрли нејзиното барање за поништување на резултатите од изборите, Тихановска го иницираше формирањето на Координативниот совет на опозицијата за пренос на власта.