Поштар фалсификувал потписи и крадел социјална помош

Поштар од Гостивар во текот на 2013 и 2014 година ги фалсификувал потписите на 12 лица, примачи на социјална помош и туѓа нега, при што се стекнал со противправна имотна корист од 78.062 денари.

Полицијата поднела кривичлна пријава против П.Ѓ.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот бил вработен во АД Македонска пошта – Гостивар.