
Поставен е семафор на улицата „Борис Сарафов” кај основното училиште „Мирче Ацев” кое важеше за критична точка во сообраќањето низ Ѓорче Петров.
Во меѓувреме, се поставуваат и останати сообраќајни знаци за регулација на брзината, а се означуваат и пешачки премини долж целата улица. Напоредно со семафорот, беше поставена и ограда кај училиштето, заради подобра безбедност, пред се на децата – информираат од општина Ѓорче Петров.
Наскоро ќе почне и уредување на зеленилото околу семафорот, заради подобра видливост на истиот.
Од МВР, пак, имаме информација дека зачестена е сообраќајната контрола во тој дел на Ѓорче Петров, со што очекуваме целосно решавање на доскорешните проблеми во сообраќајот долж улицата „Борис Сарафов” – велат од општина Ѓорче Петров.