Пред муслиманскиот центар во Атина непознати напаѓачи денеска ставиле отсечена свинска глава и напишале антимуслимански пароли, соопшти грчката полиција.
Како што пренесуваат американските медиуми, за овој испад, извршен денеска пред зградата што се користи како молитвен центар од страна на муслиманите, нема приведени лица .
Напаѓачите, на тротоарот пред зградата на центарот, со спреј напишале навредлива парола против исламот и на вратата исцртале крст.
Сквернавењето на зградата било забележано прво од муслимани, кои во зградата отишле за петочна молитва.
Во последните години во Грција се зголемија антиеврејките и антимуслимански појави.