Здружението Достоинство, денеска во Сити Хол Центар, на четворицата починати армиски и полициски генерали, Панде Петровски, Ристо Галевски, Јосип Бошевски и Атанас Јовчески, постхумно ќе им додели признанија за покажана лична храброст, самопрегор и извонредни успеси во организирањето и командувањето со безбедносните сили при одбраната на татковината, Република Македонија, во 2001 година.
На церемонијата, како што е најавено, покрај членови на семејствата на четворицата починати генерали, ќе присуствува претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, како и поранешни армиски и полициски генерали и други старешини вклучувајки и припадници на редовниот и резервниот армиски и полициски состав, учесници во одбраната на Република Македонија во 2001 година.