Договорот за решавање на кризата во Украина бил постигнат во текот на ноќта во рамки на повеќечасовните преговори меѓу украинските опозициски лидери и претседателот Виктор Јанукович со посредство на тројца министри на ЕУ, соопшти утрово прес службата на украинското претседателство.
Договорот би требало да биде потпишан напладне по локално време, а деталите околу тој договор се’ уште не се откриваат.
Опозицијата и министрите на ЕУ засега не потврдиле дека е постигнат договор,а дипломатски извори соопштиле дека преговорите биле „многу тешки“.
Состанокот на Јанукович со тројцата министри на ЕУ траел пет часа по што потоа повторно продолжил со лидерите на опозицијата со кои разговарале до рано утрово.