Партиите од центарот и десниот центар постигнаа договор во вторникот ноќта договор за формирање на новата мнозинска коалициска влада на Чешка и за нејзината програма, соопштија од најсилната партија во коалицијата.
Петр Фиала, претседател на Граѓансакта демократска партија (ODS) и веројатен иден премиер, изјави дека партиите се договорител за поделба на ресорите во владата, но не ги наведе имињата на кандидатите.
„Преговорите траеја долго, целиот ден, но беа успешни. Договорен е коалициска спогодба и програмата“, изјави Фиала за телевизиите по преговорите кои треаја повеќе од 12 часа.
Партиите собрани во две коалици од десниот и левиот политички спектар освоија 108 од 200 мандати во долниот дом на чешкиот парламент на изборите одржани на 8-ми и 9-ти октомври. Партијата ANO на премиерот на заминување Андреј Бабиш остана најбројна во парламентот, во кој не влегоа неговите клучни коалициски партнери.
Петчлената нова коалиција ќе пора да се соочи со растот на инфлацијата, сѐ поголемиот долг и сѐ поголемите цени на енергенсите, како и со засилувањето на пандемијата на коронавирусот во изминатите седмици што сѐ повеќе го притискаат стопанството. Едно од главните прашања со кое ќе треба да се соочи новата влада е решавњето на состојбата на јавните финансии погодени од пандемијата и мерките преземени за нејзното зауздување, односно со зголемувањето на пензиите и платите на вработените в државните служби откако беа намалени даноците.
И покрај реалтивно брзо постигнатиот договор за составување на владејачката коалиција, до вистинското преземање на мандатот би можело да мине уште извесно време, имајќи предвид дека клучната политичка личност во овој процес, шефот на државата Милош Земан, е хоспитализиран од 10-ти октомври и минимални се информациите за неговата моментална здравствена состојба.
Фиала изајви дека шефот на кабинетот на Земан ги известил дека претседателот ќе биде подготвен да се сретне со него, штом ќе биде отпуштен одделот за интензивна нега, но не изнесе други поединости.