Германската воздухопловна компанија „Lufthansa“ и моќниот синдикат Verdi постигнаа договор за платите и условите за работа во средата доцна вечерта, со што во последен момент и избегнат штрајкот пред велигденските празници.
По успешната арбитража, „Lufthansa“ и Verdi се договорија за основните принципи на колективниот договор за околу 25.000 вработени.
„Задоволни сме од исходот на арбитражата“, рече синдикалниот преговарач Марвин Решински.
Задоволен од исходот од преговорите е и Микаел Нигеман, директорот за човечки ресурси во „Lufthansa“, но посочи дека компанијата очекува големи инвестиции.
„Договорот за зголемување на платите ќе резултира со дополнителни трошоци“, рече Нигеман.
Поединостите од договорот ќе бидат објавени во четврток.
Синдикатот Verdi бараше зголемување на платите за 12,5 отсто за персоналот на земја во период од 12 месеци, а „Lufthansa“ понуди зголемување од 10 отсто во текот на 28 месеци. Бонусот за инфлацијата од 3.000 евра не беше доведен во прашање.
Поради серијата неодамнешни штрајкови на земскиот персонал, стотици летови на „Lufthansa“ беа откажани. Компанијата проценува дека штрајковите на вработените од почетокот на годината ја чинеле 250 милиони евра