![zito ukraina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/zito-ukraina.jpg?resize=674%2C442&ssl=1)
Украинското Министерство за инфраструктура денеска соопшти дека е постигнат договор за 120 дена продолжување на иницијативата за извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа.
– Оваа одлука штотуку беше донесена во Истанбул. Обединетите нации и Турција остануваат гаранти на иницијативата, се вели во соопштението.
Првичниот договор постигнат во јули помогна да се избегне глобална криза со храна со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црното Море блокирани од Русија.