Постигнат напредок во разговорите меѓу Германија, Украина, Русија и Франција

Состанокот на министерите за надворешни работи на Германија, Украина, Русија и Франција, кој се одржа вчера во Берлин, а на кој главна тема беше Украина беше тежок, изјави по неговото завршување домаќинот, гермаскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Стеинмеир.

„Тоа беа тешки разговори, но верувам и се надевам дека остваривме напредок во врска со одредени прашања“, рече германскиот министер по петчасовниот состанок со украинскиот колега Павло Климин, рускиот Сергеј Лавров и францускиот Лутер Фабис. Стеинмеир не појасни за кои прашања е постигнат договор.

Во Украина борбите продолжуваат, а во регионот на ЛУганск, сепаратистите урнаа еден украински борбен авион МИГ-29.

Руската хуманитарна помош, составена од 280 камиони сеуште чека на руско-украинската граница.