Постигнат „привремен“ договoр за надзор на нуклеарната програма на Иран

Генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси

Челникот на Меѓународнаа агенција за атомска енергија (IAEA), рафаел Гроси, изјави во неделата вечерта по враќањето од Техеран изјави дека постигнал „привремено решение“ од три месеца за да го задржи „задоволувачки“ надзор врз иранските нуклеарни постројки, иако од вторник инспекциите ќе бидат ограничени.

„Признаваме дека пристапот ќе биде ограничен, но ќе можеме да одржуваме потребен случај на надзор и проверка. Во овој момент тоа ја спасува ситуацијата“, изјави Рафаел Гроси во текот на кусата прес-конференција на аеродромот во Виена и додаде дека станува збор за „разумен резултат по интензивните консултација“.

Според овои „технички билатерален договор“, бројот на нспекторите на самото место останува непроменет и IAEA ќе може да спроведуваат ненајавени инспекции.

„Но иранскиот закон кој предвидува ограничување на некои инспекции, вклучително на чувствителните воени позиции, ќе бидат ќе биде применет од 23-ти февруари доколку американските санкции не бидат укинати“, предупреди Гроси.

Иран на САД им го постави како рок 23-ти февраури да започнат со укинување на санкции, а во спротивно ќе го преземат, како што го опишаа, својот досега најголем чекор во кршењето на договорот, односно ќе ги забранат инспекциите на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

„Ситуацијата е сериозна, но IAEA и натаму ѝ служи на меѓународната заедница. Секако за стабилизирање на ситуацијата ќе бидат потребни политички преговори, тоа не е во мојата надлежност“, истакна Гроси.

Рафаел Гроси, генералниот директор на IAEA се сретна претходно во неделата со шефот на Иранската организација за атомска енергија (AEOI), Али Акбар Салехи и со министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зари, известија државните медиуми.

„Иран и IAEA водеа плодни разговори темелени на заемно почитување“, објави на Twitter Касем Гарибабади, ирански амбасадор при IAEA.

Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден претходно во четвртокот порача дека е подготвена да се врати во договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили. Во мај 2018 година, претходниот американски претседател Доналд Трамп, ги повлече САД од овој договор, инсистирајќи најмногу под влијание на неговиот стратешки партнер Израел, во договорот да биде вклучена и иранската балистичка програма, што Техеран решително го отфрлаш.

Потоа Вашингтон ги врати санкциите против Иран, по што европските компании од земјите потписнички и другите земји стравувајќи од американските санкции ги повлекоа своите инвестиции со кои закрепнуваше иранското стопанство девастирано од влијанието на децениските меѓународни санкции. Како одговор на тоа, Техеран постепено почна да ги суспендира некои од своите одредби од договорот, и неодамна започна со збогатување на ураниумот на 20 отсто, ниво од кое лесно може да се дојде до нивото од кое може да се развие нуклеарно оружје.