Постојат сериозни отстапки во законоското решение за пописот на населението кое го изгласа во четвртокот мнозинството во парламентот и европските регулативи, посочи претаничката Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жена на опозициксата ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизијата Алфа.
„Пратениците на ВМРО-ДПММЕ во Собранието се обидуваа да го подобрат Законот за попис затоа што законското решение прво во самиот начин на постапка која се одбра со европско знаменце иако се повикуваа на регулативи и јас многу пати од собраниската говорница кажав дека се повикуваат проформа затоа што ги споредувавме регулативите на кои се повикуваа бидејќи нели европско знаменце се става кога се усогласува со европски регулативи и ги споредувавме англиските регулативи на кои се повикуваа со самиот текст во законот. Имаше сериозни отстапки од регулативите и затоа јас велам дека проформа или декларативно само на збор се повикуваат на европското знаменце ама нивната тенденција е друга. Според Деловникот кога е ставен закон со европско знаменце проаѓа на седница, па проаѓа на Комисијата за европски прашања и се скратува можноста за дискусија на три дена. Иако ова беше долго очекуван попис , дали има потреба да има потреба но не по вакво законско решение“, рече Пешевска.
Пратеничката притоа посочи дека ваквото законско решение за пописот нема точно дефиниции на постојано живеалиште, на привремено живеалиште на семејство и така натаму и тоа за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатливо.
„Пред нас имаме законско решение кое е неприфатливо за нас. Во законот фали поимник, во регулативите од кои оние велат дека се повикуваат на тие треба да да има поимник. Нема медотологија, после месец дена откако ќе помине законот и објавата во Службен весник ќе се образложи методологијата и тоа ќе биде еден вид желботека на директорот и неговиот замнеик во Државниот завод за статистика. Со сите недостоаци со кои беше донесен законот нема точно дефинции. Кога би имало поимник би имало точно дефинција на постојано живеалиште, на привремено живеалиште, на државјанин, на семејство и така натаму“, додаде Пешевска.