
Времето во понеделникот во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со сончеви периоди и со слаб локален дожд.
Ќе дува умерен а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Минималната температура е во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 Цезлиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје и околината денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 Целзиусови степени.
Во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер. Потоа ќе преовладува значително потопло време со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.