Во средата во Македонија ќе преовладува променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските темепратури се движат од 6 до 16, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 13 и 19 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремено пороен дожд и појава на грмежи. Температурата до 19 степени.