Од изутринава во понеделникот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до силен северен ветер (и над 60 км/час) најизразен во горниот тек на Повардарието. Ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе биде 5.
Утринските температури се движат од 10 до 19, додека соодветно максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 16 и 30 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 21-от степен.