Потенцијална вакцина за Ковид-19 САД најавуваат во октомври

Американскиот центар за контрола и превенција на болести побара од центрите за јавно здравје во сите 50 американски држави да се подготват за испорака на потенцијална вакцина за коронавирус  веќе кон крајот на октомври. Според документите објавени во Њујорк Тајмс, Вашингтон се  подготвува за  една или две вакцини против Ковид-19 кои треба да бидат достапни во ограничени количини од крајот на октомври. Вакцините ќе бидат  бесплатни за групи со висок ризик,  здравствени работници, припадници на национална безбедност и за персоналот кои работи со стари лица.

Неколку вакцини се веќе во фаза на клиничко испитување, и неизвесно е дали некоја ќе биде ефективна и безбедна, но властите веќе се подготвуваат за евентуална дистрибуција за да заштедат драгоцено време